Тијана Периќ ја претставува Македонија на светскиот сајбер фестивал „Јунајтед вижн”

На новиот светски виртуелен забавен фестивал ЈУНАЈТЕД ВИЖН, Република С. Македонија ја претставува младата Тијана Периќ со песната „Писмо”.
Ова е нов фестивал на кој учествуваа преставници од речиси стотина земји од цел свет.
Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји кои ја имаат лиценцата за учество.
Македонскиот клуб, воедно и нашата земја го претставува Тијана.
Тијана Периќ, има 19 години. Со музика се занимава уште од мала, одела во нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши и средно музичко училиште во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, потоа се запиша на Факултетот за музичка уметност. Клавир свири 12 години, класична музика, досега имала доста концерти, настапи и учествувала на натпревари со клавирот. Талентот за музика го наследи од својот татко кој е дипломиран на музичката академија и работи како наставник по музика.

This image has an empty alt attribute; its file name is tijana-peric-1.jpg
„Писмо” е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски а исто така и за видеозаписот е одговорен тој со неговата видео продукција Krstevski Entertainment. Спотот е сниман на три локации. Оригиналната верзија од „Писмо” е 8 ипол минути во која што Ѓорѓи сакал да ја претстави и’ како вокал и’ како клавирист и таа смета дека идејата била многу добра. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло пеење Александра Коцевска.
Линк од претставничката песна:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 66-годишна актерка – Енди Мекдауел открила дека и е дијагностицирано ретко пореметување: „Мислев дека ќе вградам колк“

Актерката Енди Мекдауел вчера открила дека и е дијагностициран синдромот пириформис, ретко пореметување кое предизвикува …