Три симптоми на омикрон кои не се јавуваат при настинка

Иако омикронската варијанта на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно да се одлучи дали да се оди во клиниката за ковид.
Покрај тоа што е утврдено дека поголемиот дел од пациентите кои се ковид-позитивни се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми кои ги дава омикронот, а кои не се појавуваат при настинка.
„Единствената карактеристика на короната е губењето на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете со вирусот на настинка“, рекол д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего за CBS 8. , и додал дека друга работа е што обичната настинка не предизвикува силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.
„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека сте добиле ковид отколку вирусот на настинка“, рекол Шао, истакнувајќи дека слични симптоми на омикрон и настинка вклучуваат температура, болки во грлото и кашлање, а како болеста напредува и краток здив и отежнато дишење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …