(ВИДЕО) Најсмртоносното езеро на светот: Преку ноќ убило 1.700 луѓе

Околу вулканското езеро Ниос во Камерун, старо 400. години, со децении кружеле митови дека во него живеат лоши духови. Катастрофата која се случила на 21. август 1986. година во очите на локалното население ги потврдила тие легенди. Станува збор за една од најневеројатните природни катастрофи која убила 1.746 луѓе и повеќе од 3.500 животни и тоа за само неколку минути.

Фармерите кои живееле во близина на езерото Ниос среде ноќ слушнале татнеж а потоа езерото испуштило стотина илјади јаглерод диоксид (CO2),а проценките се движат помеѓу 300.000 до дури 1,6 милиони тони.


Облакот се проширил со брзина од сто километри на час, а жителите на тоа подрачје се пронајдени мртви, со крвави лица.Повеќето од нив умреле во сон, а оние кои отишле да видат од каде доаѓа татнежот паѓале по улиците и околу своите куќи. За размерите на трагедијата доволно говори податокот дека од двете најблиски села преживеале само четири лица.


„Останав без свест, не можев да ја отворам устата бидејќи почувствував нешто страшно. Ја слушнав мојата ќерка како необичи ’рчи, додека приоѓав кон нејзиниот кревет се онесвестив. Мојата ќерка веќе била мртва“ опишал Џозеф Нквиан што му се случило таа ноќ.

Тоа било првпат природна појава да предизвика гушење на така голем број луѓе и животни. Облакот исчезнал после два дена а преживеаните се разбудиле после 36. часа минати во несвест.
Текстот продолжува на следната страна


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …