Освен разни инциденти, церемонијата на доделувањето на Оскарите ја одбележа и многу емотивна ситуација
Легендарните Лиза Минели и Лејди Гага беа презентери на 94-тото доделување на престижните награди. Тие неколку пати ги добиваа своите златни статуи, па годинава се најдоа во улога да доделат Оскар на своите колеги.
Со оглед на тоа што Лиза Минели веќе 22. години се бори со воспаление на мозокот, како и дека последните години е во инвалидска количка, Лиза херојски излегла на сцената заедно со помладата колешка, што публиката го поздравила со громогласен аплауз.
„Гледаш, публиката те сака“, ѝ порача Гага на легендарната ѕвезда, а потоа силно ја фати за рака и рече:
Lady Gaga whispering “I gotcha” to Liza Minnelli ❤️🩹 pic.twitter.com/g2z4X5cuwl
— Gaga Daily (@gagadaily) March 28, 2022
– Знаете колку сакам да работам со легенди, а чест ми е да ја најавам последната награда оваа вечер со вистинска легенда! – изјавила Лејди Гага и добила овации од публиката.
„50 години кабаре“
– Таа слави 50 години од „Кабаре“ – додала таа. Потоа збор добила Лиза, која била малку збунета за време на говорот, а потоа Гага се наведнала кон неа и рекла: -Јас сум со тебе – додека Лиза накратко искоментирала: -Знам.
Тие две доделија Оскар за најдобра фотографија, а филмот „Coda“ ја освои престижната награда.
Фото: Принтскрин/Twitter