(ФОТО) Оптичка илузија: Она што прво го гледате на сликата открива дали сте поекстровертни или повлечени

Оптичките илузии се неверојатни работи. Некои можат да ни помогнат да утврдиме дали нашата лева или десна страна од мозокот е подоминантна, додека други можат да ни кажат како навистина се чувствуваме.
Видеото од црно-белата илустрација беше споделено на платформата TikTok, а гледачите беа прашани дали виделе пехар или две лица свртени еден кон друг. Во зависност од тоа што прво гледате на сликата, оваа оптичка илузија може да ви помогне да разберете каков тип на личност сте.
„Ако прво го видите пехарот, вие сте мирна и воздржана личност. Не ви треба надворешен извор на енергија и мотивација – добри сте додека сте во своите мисли и во својот свет”, се објаснува во видеото.

„Некои од недостатоците на овој тип на личност – имате тенденција да се грижите за мали, неважни детали, кои можат да ве спречат да ја видите пошироката слика“.


Меѓутоа, ако видите две лица свртени еден кон друг, вие сте екстровертна личност.

Сакате да поминувате време со луѓе и затоа ви е важно оние кои ве поддржуваат да зрачат со позитивна енергија. Ги гледате работите од поширок агол и не се замарате со ситници“, се вели во видеото, пошува The Sun.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …