(ВИДЕО) Морничаво – Ова е незапамтено!Гореле 3. сакрални објекти на три краеви на светот: Во исто време се запалиле Нотр Дам, џамијата Ал Акса и православниот храм Николаевск

Додека во Париз горела катедралата Нотр Дам, пожар избил и во џамијата Ал Акса во Ерусалим на кровната конструкција во Ал Марван, во собара за молитва.
Пожарот не предизвикал поголема штета но загрозил дел од џамијата стара повеќе од 2.000 години. Чуварот рекол дека пожарот избил под кровот во собата за молитва Марвани.


Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а тоа подрачје е затворено за да се утврди причината за пожарот.
Оваа џамија е трето најсвето место во исламот, а пожарот,за среќа, бил бргу ставен под контрола и изгаснат. Немало повредени.


Само ден порано пред да избијат пожарите во овие два сакрални објекти, во украинскиот град Љуботин изгорел Николаевскиот храм на Украинската православна црква на Московската патријаршија.
Овој инцидент се случил во неделата, во вечерните часови, околу 18. часот по локално време. Огинот зафатил 120 квадратни метри од храмот.

Во овој пожар немало повредени, а според информациите од истрагата, станува збор за подметнат пожар. За време на пожарот се урнала куполата на Николаевската црква.

Париските пожарникари успеале после повеќе часовна борба со огнената стихија да го изгаснат пожарот во катедралата Нотр Дам и да ја сочуваат конструкцијата на зданието.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …