(ВИДЕО) Пожарот кој го уништил Нотр Дам е една од МОРНИЧАВИТЕ КАТАСТРОФИ кои се случиле на овој ден ии однеле многу животи!

Пожарот кој во понеделникот, 15. април, ја „проголтал“ париската катедрала Нотр Дам го погодил цел свет.
На улиците на Париз излегле илјадници луѓе и со солзи гледале како исчезнува дел од нивната историја и симболите на градот, а емотивните реакции и изрази на жалење пристигнувале од цел свет.


После почетниот шок кој го предизвикал оваа вест, корисниците на интернет набргу забележале необично поклопување и проклетството на 15. април.


Бомбашки напад во Бостон
Имено на истиот ден, во 2013. година се случил бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Две бомби експлодирале кога првиот од 27.000 учесници пристигнал на целта.
„Видов две експлозии. Првата беше зад целта. Слушнав силен прасок, а потоа се подигна дим. Продолжив да трчам, а потоа слушнав уште една експлозија. Луѓето ги погодуваа разни предмети, трчаа крвави“, раскажал новинарот на „Бостон Хералд“ кој трчал на маратонот.


Во стравична експлозија загинале три лица, од кои едно осумгодишно дете, а повредени се 264. луѓе, од кои некои останале без раце и нозе. Меѓутоа, терористичкиот напад на Бостонскиот маратон не е единствен катастрофален настан кој се врзува за 15. април.

Катастрофа на стадионот Хилсборо

Многумина се сеќаваат на 1989. година и катастрофата на Хилсборо, една од најголемите спортски трагедии во историјата. На пребукираниот стадион во Велика Британија во полуфиналето на ФА купот се играл натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотиннгем Форест.

Поради грешка на организаторите, на стадионот кој може да прими 39.000 гледачи на трибините биле пуштени повеќе од 54.000 навивачи. Откако некој ја отворил заштитната ограда настанало стампедо во кое загинале 96. навивачи, а повредени биле повеќе од 700. луѓе.Несреќните навивачи останале згмечени или прегазени на оградата.

Бродоломот на „Титаник“
Датата 15. април добива уште позлокобен призвук ако се сетиме на уште една трагедија која се случила на тој ден во 1912. година.

Во раните утрински часови во северниот Атлантски океан после ударот во санта лед потонал британскиот брод „Титаник“.
Овој величествен британски патнички брод на своето прво патување тргнал на 10. април.

Иако ова чудо на бродоградбата важело за непотоплив брод, псоле само четири дена, околу 23.40 часот „Титаник“ удрил во санта лед која го оштетила а бродот потонал после само два часа на 15. април. Во катастрофалната несреќа 1.517 луѓе ги загубиле животите.

Екран.мк/24sata.hr

Фото:Рrintscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …