(ВИДЕО) МОМЧЕ НА БОЖИК ДОЗНАЛО ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОСВОЕНО: Подарокот ја открил најубавата вест, а видеото ги расплакало сите што го виделе

Едно момче добило божиќен подарок за кој не ни сонувал – дознал дека ќе биде посвоен и ги расплакал сите што го виделе видеото.
Видеото од единаесетгодишното момче од Охајо кое на Божик дознало дека ќе биде посвоено со години важи за едно од најубавите празнични видеа.
Видеото е создадено во 2018 година, кога на Твитер беше прегледано илјадници пати и оттогаш не престана да кружи на Интернет.
На видеото можеме да видиме како момчето по име Картер Вајлс го отвора својот божиќен подарок, а во него наоѓа фотографија од член на семејството со порака која го расплакала од радост.
„Ова е нашата најнова семејна слика. Сите би сакале да бидеш на следната слика и да бидеш дел од нашето семејство. Дали и ти би сакал да бидеш Кифарт и да бидеш наши син и брат”, пишувало на честитката, а момчето веднаш почнало да плачи.

This image has an empty alt attribute; its file name is dete-usvojuvanje.jpg


Целото семејство кое било присутно додека Картер ја читал оваа прекрасната порака почнало да плеска, а неговата тетка му пришла и силно го прегрнала.
Тетката на момчето, Леа Кифарт, објаснила дека неговиот статус на посвојување е при крај.
„Ова можеби беше последен пат кога го видовме Картер и почувствувавме дека ни е навистина важно да го задржиме во семејството“, рекла Кифарт.
Подоцна, кога момчето дознало колку ова видео станало популарно на социјалните мрежи, рекло:
„Ме прави да се чувствувам добро што другите луѓе можат да уживаат во мојата среќа и во среќата на моето семејство“.
Погледнете го видеото кое секако ќе ги разбуди најубавите емоции кај вас:


Извор: Принтскрин/FACEBOOK/ABC WORLD NEWS TONIGHT WITH DAVID MUIR

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …