Познатиот актер вчера наполни 67 години – тој е еден од најуспешните во својот бизнис во Велика Британија и во светот. И’ додека во кариерата блеска, во приватниот живот го придружува неблагодарната титула на мајстор за скандали.
Роуан Аткинсон со ќерката Лили и поранешната сопруга Сунетра Састи
View this post on Instagram
Роуан Аткинсон е на листата на најинтелигентни светски ѕвезди. Неговото образование укажувало дека ќе се занимава со нешто друго освен со глума, но неговата љубов кон филмот и театарот превладеела. Роуан Аткинсон стана едно од најнезаборавните лица на светската кинематографија.
Во светот на актерската професија влегол откако магистрирал електротехника од Оксфорд, а бројни извори наведуваат дека неговиот коефициент на интелигенција е 178.
Во приватниот живот се издвојува бракот со Сунетра Састри, кој траел од 1990 до 2015 година и завршил на многу бурен начин.
Поранешните сопружници се запознале на телевизијата Би-Би-Си, каде Сунетра работела како шминкерка. Аферата што ја имаше славниот Мистер Бин со актерката Луиз Форд (41) им го уништи бракот. Како што напиша британски „Сан“, првата сопруга на актерот го прифатила изневерувањето исклучително тешко.
View this post on Instagram
.
Разводот бил направен брзо, а како причина било наведено неразумното однесување на Аткинсон. На се била додадена и одлуката на ќерката на Роуан и Сунетра, Лили да се откаже од татковото и да го земе презимето на мајка си, што многумина го протолкувале како нејзина реакција на прељубата што ја направил познатиот актер.Синот Бенџамин Аткинсон не презел таков чекор.
Аткинсон со неговата сегашна сопруга Луиз Форд
.
Роуан Аткинсон останал во врска со Луиз и често можат да се видат во Лондон, како уживаат во прошетка со нивната ќерка Исла, која се роди во 2017 година.
Фото: Instagram