(ВИДЕО) Минувач скокнал во заледено езеро и спасил куче

Маж трчал во паркот Понтефракт во Јоркшир на 9 јануари кога забележал ужасна глетка. Куче паднало во замрзнатото езеро и со сите сили се обидувало да излезе надвор, но без успех.
Тркачот не размислувал премногу. Скокнал во езерото и се упатил кон несреќното куче за да го спаси.
Сè е снимено од случајната минувачка Пола Таун и објавено на Фејсбук.
„Каков херој, овој потполно странец спаси семејно куче кое се најде во неволја на паркот Понтефракт“, напишала таа.


Снимката за благородниот чин станала вирална и била споделена неколку илјади пати за 24. часа, а гестот на мажот беше пофален од многумина.

Видео и фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …