ОВАА ЕСЕН, филмот „Luckiest Girl Alive“, трилер со Мила Кунис во главната улога, доаѓа на платформата за стриминг Нетфликс. Вчера беше објавен трејлерот кој досега е прегледан 1,3 милиони пати.
Филмот е за писателката Ани Фанели од Њујорк, чиј совршен живот во големиот град почнува да се распаѓа кога документарец од вистински криминал ја принудува да се соочи со трауматичното средношколско минато.
„Њујорчанката со остар јазик која изгледа дека има сè: барано место во сјајно списание, убиствена гардероба и свадба од соништата. Но, кога режисер на криминални документарци ја кани да ја каже својата страна за шокантниот настан што се случил кога била тинејџерка во престижното училиште „Брентли“, Ани е принудена да се соочи со мрачната вистина која се заканува да го разоткрие нејзиниот внимателно дизајниран живот“, стои во описот на филмот.
Филм базиран на најпродаваниот роман во 2015. година
Филмот настанал според истоимениот роман на авторката Џесика Нол, кој беше вброен како еден од најпродаваните романи во 2015 година.
Заедно со Мила Кунис, во филмот играат и Кони Бритон, Џастин Лупе, Фин Витрок и Скот МекНери. Режисер е Скот Мекнери, кој е заслужен за „Приказната на слугинката“. Филмот пристигнува на Нетфликс на 7. октомври.
Фото: Принтскрин/YouTube