(ФОТО) Се омажи најпопуларната блогерка за убавина, која чуваше во тајност дека е родена како машко

ЕДНА од најпознатите YouTube ѕвезди од светот на убавината и шминката Ники де Јагер, попозната како Ники Туторијалс, на социјалните мрежи откри дека се омажила за својот долгогодишен партнер Дилан Дросаерс.


View this post on Instagram


A post shared by PopBuzz (@popbuzz)


„Господин и г-ѓа Туторијалс. Едвај чекам да ви ги покажам сите снимки од церемонијата следната недела“, напишала таа.

Ники пред две години објави видео во кое призна дека е родена како маж.
„Денес ќе споделам со вас нешто што отсекогаш сум го сакала, но под мои околности. Изгледа таа можност ми беше одземена, па си ја враќам моќта назад. 2020. година е и сакам да ја започнам оваа година со вистината. Не ми се верува дека го кажувам ова. Родена сум во погрешно тело“, започнала Ники во видеото кое е прегледано 38. милиони пати.
„Снимањето на ова видео е од една страна застрашувачко, а сепак толку ослободувачко. Да, јас сум трансродова, но на крајот на денот јас сум само јас, исто како и вие – сите ние треба да живееме сопствени животи без какви било ограничувања. Ова е да ги инспирира сите мали Ники низ светот да го сторат истото, да ги живеат своите животи онака како што навистина заслужуваат. Јас се борам со моите битки секој ден и знам дека ве има. На овој свет му требаме! Треба да се слушнеме и разбереме едни со други. Без разлика на тежината, бојата на косата, бојата на кожата…“, продолжила таа.

„Кога имав 14 години почнав хормонска терапија. На 19. години процесот на транзиција заврши и конечно станав жена”, открила Ники и додала дека некој и се заканувал дека ќе им открие се на медиумите, па решила да собере храброст и да признае се сама во видеото.
Во 2021. година, Ники беше и една од презентерките на Евросонг, кој тогаш се одржа во Холандија, каде што е родена и каде што сè уште живее.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …