(ВИДЕО+ФОТО) СЕ БОРЕЛА СО ДЕПРЕСИЈА, НЕ МОЖЕЛА ДА ЖИВЕЕ БЕЗ ТАБЛЕТИ, ЈА ИЗГУБИЛА КОСАТА: Еве како денес изгледа познатата Кристл од „Династија“!

Американската актерка Линда Еванс (79), која ја играше Кристл Карингтон во сапунската опера „Династија“ во 1980-тите и зад себе има кариера долга повеќе од 60. години.
Линда Еванс денес има 79. години, а многумина ќе се согласат дека таа и понатаму е убава жена.

This image has an empty alt attribute; its file name is linda-evans-1.jpg


Еванс е родена во 1942. година во Конектикат, САД. Таа беше во брак двапати, но немаше многу среќа во љубовта. Нејзиниот прв сопруг Џон Дерек ја изневерил со актерката Бо Дерек, која тогаш била 30. години помлада од него. И нејзиниот втор брак, со Стен Херман, заврши со развод по четири години брак, во 1979. година. Таа имаше бурна едногодишна врска и со музичарот Јани, кој ја поттикна да оди на естетска операција.
Актерката го освои светот со своите неверојатни сини очи, а сите беа воодушевени како актерката прекрасно старее, но сето тоа се промени во 2017. година кога се појави видеото од нејзиното апсење.


Линда, која со години имала проблеми со зависноста од лекови против болки, била уапсена во 2014. година поради брзо возење под дејство на опијати, кога на задното седиште од нејзиниот џип бил пронајден куп таблети. Тогаш се појави контроверзното видео на кое таа нема ниту еден грам шминка и е очигледно под влијание на некои супстанци, но вешто се криела во следните три години.

This image has an empty alt attribute; its file name is linda-evans-4.jpg


Актерката со години страдала од неопдносливи болки во грбот, кои биле толку силни што на моменти помислувала да си го одземе животот. Тоа ја натерало прекумерно да користи медицински помагала. Покрај тие физички болки, со години трпела и депресија, а подоцна поради терапија и агресивно лекување на проблемите со грбот се соочила со опаѓање на косата поради што морала да носи перика.

Денеска вели дека единствената лекција што ја научила во животот е да се прифатите себеси онакви какви што сте.

– Мислев дека грижата за себе е одење во бањата или купување нешто за да се чувствувате подобро. Ми требаше долго време да сфатам дека тоа доаѓа одвнатре. Животот ме научи дека морам да се сакам себеси и млада и стара, слаба и дебела – изјавила Еванс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …