(ВИДЕО) Маж станал хит на интернет: Безгрижно се бричи додека дел од ракета стои среде неговата куќа

Видеото каде маж, наводно Украинец, безгрижно се бричи додека дел од огромна руска ракета стои среде неговиот дом стана хит на интернет, а многумина беа изненадени од количината на неговата опуштеност.
Во периодот кога војната во Украина се уште трае, а официјално влезе во четвртиот месец, човекот чиј идентитет не е откриен продолжил со секојдневните обврски, а во кои не го спречил ниту овој „непоканет гостин“.


Во видеото кое се појави на Reddit, тој покажал и огромна дупка на покривот што ја оставила ракетата.
Иако се чинело дека човекот воопшто не е исплашен, туку целосно опуштен, многу корисници на оваа социјална мрежа се согласиле дека ќе реагираат сосема спротивно, пофалувајќи го за неговата неверојатна храброст.
„Човеку, не сакам да влезам во соба ако има пајак во неа, а овој човек се бричи покрај ракета“, напишал еден корисник.
За некои ракетата не била проблем, туку биле збунети зошто мијалникот и огледалото се во просторија налик на кујна.
Некој објасни дека тоа е „делот од ракетата што не бил експлозивен“.
Засега не е познато дали ракетата била изваден од неговиот дом.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …