36-минутниот краток филм „Ксепартенон“ е снимен во декември минатата година, а во него, меѓу другото, се прикажува и сексуален однос меѓу двајца мажи во Ерехтеон, мал храм на Акропол додека околу нив има туристи. Филмаџиите ова го нарекле „политички чин“, а инцидентот предизвика големо внимание во јавноста и ги принуди градските власти да преземат соодветни мерки.
„Тоа беше развратен, ужасно развратен чин“, рече главниот гард на Акропол, Јоанис Маурикопулос, додавајќи: „Тоа е најсрамната навреда за ова свето место“.
Поради овој немил настан, храмот стар 2.500 години ќе добие нов високотехнолошки безбедносен систем од над 150. камери за следење на областа во реално време, изјавила министерката за култура Лина Мендони.
Камерите ќе се следат од контролната соба 24. часа, така што специјално обучениот безбедносен персонал ќе може да внимава на можни инциденти.
View this post on Instagram
Да потсетиме, секс сцената била снимена во декември и предизвикала бес во Грција кога излегла на виделина откако била објавена на Интернет. Министерството за култура веднаш реагирало и покренало истрага.
Според медиумите, на видеото се гледаат други учесници во филмот како прават круг околу главниот јунак, преправајќи се дека ги фотографираат убавините на Акропол, а околу нив може да се забележат посетители како шетаат и ја заобиколуваат оваа знаменитост.
View this post on Instagram
Филмаџиите – кои избрале да останат анонимни – се опишаа како ЛГБТ + активисти и рекле дека го избрале Партенон поради неговиот „симбол на национализам и носител на хетеро пораки“, пишува DailyMail.
Министерството за култура соопштило дека филмот е снимен без нивна согласност или дозвола.
„Археолошкиот локалитет Акропол не е погоден за секаков вид активизам или други активности кои би предизвикале навреда и непочитување на споменикот“, се вели во соопштението на Министерството.
Фото: Принтскрин/Instagram