(ВИДЕО) Македонците не го пропуштаат неговиот концерт: Влатко Миладиновски ги полни салите на неговата турнеја!

Македонците ширум светот, до последно место ги полнат салите каде настапува нашиот естраден уметник Влатко Миладиновски, во рамките на неговата турнеја со која ќе посети голем број земји.
На нашиот пејач годинава му тргна со набиена агенда и патувања, а секојдневно од неговите турнеи стасуваат видеа каде нашинците едногласно ги пеат неговите познати песни и уживаат со македонската музика.
Турнејата на Влатко започна уште при крајот од минатата година во Швајцарија, продолжи во Грција, следуваше Канада, а на листата земји се и Холандија, Германија, Австралија и Словенија.
Погледнете ги видеата од гостувањата во Грција и Канада, видеа кои нема да ве остават рамнодушни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …