(ВИДЕО) Македонката Миа се расплака и „растури“ на сцената на „Пинкови ѕвездички“: Жирито и се поклони

И покрај најавите „наскоро“, на ТВ Сител,“Пинковите ѕвездички” повеќе не се емитуваат, но сепак македонските фанови со задоволство шоуто го следат преку кабелските оператори и интернет видеата.

Во најновото издание од најновата сезона на Ѕвездичките, настап на нашата Миа Мустафа. “Полско цвеќе” од легендата Проески беше првата песна со која Миа се претстави пред жири комисијата. Може малку го заборави текстот, но одлично се снајде на сцена и се “извади” како што тоа го прават само најголемите и нахрабри светски музички ѕвезди.


Песната ја погоди нашата Македонка која не можеше да ги сокрие солзите на сцена, и токму тој настап и тие моменти ги разнежнија срцата на сите оние кои со задоволство уживаа во нејзиниот моќен настап. Миа “растури” со “Полско цвеќе”, а ја зацврсти својата вечерна позиција со втората песна “You know, I am no good”.
„Ти пееш како пејачка која од настап во настап е сѐ поискусна и поискусна. Песната на Тоше ја отпеа со отворен глас, а онаа другата ја пееше во фазон на Ејми Вајнхаус и потполно нѐ убеди дека настапуваш како на светска сцена. Облечена си како на доделување на светски награди. Се’ што е поврзано со тебе е на вистинскиот пат“, искоментира Леонтина.


Сите петки од стручното жири и громогласен аплауз на крајот од двата настапи. Миа покажа и докажа дека гордо го следи патот на нашите претходни учесници како Трајче, Мартија и Антониа. Натпреварот за неа продолжува и во шестиот круг сѐ до големото финале, за кое држиме палци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …