(ВИДЕО+ФОТО) Поп ѕвездата Анастасија на 15 мај во Скопје

Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно нема да се разликува од оние низ останатите европски метрополи во коишто Анастејжа ќе го донесе својот нов албум „Еvolution“.

Една од најпопуларните поп изведувачки во светот, девојката чиј глас го препознаават сите, со хитови кои што ги пејат многу генерации, Анастејжа доаѓа во Скопје. На 15 мај, ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе биде една од европските концертни центри преку кои Анастасија со европската турнеја насловена „Еволушн“, се враќа на музичката сцена.
Поп легендата која што има продадено повеќе од 30 милиони копии на своите албуми, извесен период се повлече од музиката затоа што имаше две животни битки со кои што мораше да се справи. Карциномот не ја заобиколи ниту Анастејжа којашто денес раскажувајќи за својата лична борба, помага на милиони луѓе со слични проблеми ширум светот.
По феноменалната „Ултимејт колекшн тур“ во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, Анастејжа се одлучи за голем камбек на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен „Evolution“. Истиот е снимен во Стокхолм и на него како извршен продуцент се потпишува Андерс Баге истиот оној кој што се потпишува и зад албумите на Селин Дион, Мадона, Џенет Џексон.
Во текот на претходната турнеја, Анастејжа потпиша договор за партнертво со „Истражување на карцином УК“ (Cancer Research UK). Донираше и пари за да помогне во истражувањата и медицинските решенија кои што помагаат при ракот на дојка, којшто и самата двапати го преживеа.
Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно нема да се разликува од оние низ останатите европски метрополи во коишто Анастејжа ќе го донесе својот нов албум „Еvolution“. Покрај песните од истиот, на сцената во „Борис Трајковски“ присутните ќе имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: „Left outside alone“, „Sick and tired“, „Paid my dues“, „I’m Outta love“ и многу други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …