(ФОТО) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви стана полнолетна

Познатата македонска двојка, Маја и Дарко Панчеви, заедно се цели две децении и во својот живот се горди и среќни родители на две деца – ќерките Надица и Марија.

Поп пејачката и хористка на МОБ и нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“, вчеравечер во своето кафе „9“ го прославија полнолетството на ќерката Надица.


 


🔞💋💕


Posted by Nadica Pancheva on Dienstag, 20. März 2018

Сега нивната прва радост стана голема девојка, наполни 18. години, а за таа прилика мама и тато и организираа роденденска прослава во кругот на најблиските и пријателите.

Надица со својата убавина потсетува и’ на мама Маја и на тато Дарко, музичките гени не ја заобиколиле, а освен што многу сака да пее, таа исто така и танцува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …