(ФОТО) Сара Мејс и Димитар ќе станат родители!

За бременоста двојката за првпат откри за првиот број на македонската верзија на магазинот „Стори“, каде Сара откри дека во првото тромесечје имала повеќе мачнини, но сега си го слуша телото и одлично се чувствува.

По речиси една година од свадбата на пејачката Сара Мејс и нејзиниот сега сакан сопруг, Димитар Анатасовски, тие го добија најубавиот дар од Бога.


Имено, Сара е во блажена состојба и со Диме за неколку месеци очекуваат на свет да дојде нивното прво дете.

За бременоста двојката за првпат откри за првиот број на македонската верзија на магазинот „Стори“, каде Сара откри дека во првото тромесечје имала повеќе мачнини, но сега си го слуша телото и одлично се чувствува.


Инаку, пред неколку недели таа гостуваше во ТВ емисијата „Стисни Плеј“, кај Александра Јовановска, каде отпеа неколку песни, а очигледно беше дека под широката долга кошула го затскрива нараснатото трудничко стомаче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …