(ФОТО) „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл го побуди духот на поезијата Скопје и Велес

Традицијата на „Плати со поезија“ продолжи по 4-ти пат на 10 локации

Традиционално Јулиус Мајнл ја организираше акцијата „Плати со поезија“ на 21-ви март, на Денот на поезијата, по 4-ти пат. Илјадници љубители на кафето се вклучија во уживањето на овој ден исполнувајќи ги бело црвените листови со зборови и стихови кои служеа како средство за плаќање на кафе или чај од виенскиот бренд Јулиус Мајнл.
Оваа година „Плати со поезија“ се одржа на повеќе локации и тоа во Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес. 20 поети се дружеа со сите со цел да ги мотивираат да пишуваат поезија и да ги запознаат со изворот на нивната инспирација исто како што Густав Климт, Егон Шиле, Ото Вагнер и Сигмунд Фројд ја наоѓале својата инспирација на улиците во Виена пред кафулето на Јулиус Мајнл.
Во склоп на „Плати со поезија“ беа собрани стотици поеми кои ќе бидат разгледани од страна на поетите и за дел од нив ќе ги следи изненадување од Јулиус Мајнл до крајот на денот.
Оваа година 10-те најдобри поеми од цел свет ќе добијат карта од Јулиус Мајнл за концерт на ЏП Купер. Повеќе околу ова може да се најде на следниов линк


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …