(ВИДЕО) Мајка се обидувала да го успие детето возејќи по квартот – соседите за малку ќе повикале полиција!

МНОГУ нови родители од очај посегнуваат по сите достапни средства за да ги заспијат своите бебиња. 29-годишната Карина Мисен сфатила дека може да го заспие своето двомесечно бебе возејќи го во автомобил. Така, го ставила на автомобилско седиште и со автомобилот кружела околу нејзината населба во Нов Зеланд. Ова предизвикало сомнеж кај нејзините соседи.
„Кога се обидувате да заспиете дете и вашата локална заедница е загрижена“, напишала таа покрај видеото што го објавила на „ТикТок“.
Имено, таа на Фејсбук открила дека луѓето забележале сомнителен автомобил и започнале да дискутираат што можат да направат.
„Овој автомобил кружи околу населбата. Седум пати мина покрај мојата куќа во последните десет минути. Дали треба да повикам полиција?“ прашало едно лице и објавила фотографија од автомобилот на Карина.
„Можеш да земеш мобилен телефон и да им покажеш на луѓето во автомобилот, следниот пат кога ќе поминат, дека ги снимаш“, ја советувал друг.
„Да, јавете се во полиција. Истиот автомобил го стори тоа и вчера. Можеби би било добро да го запишете бројот од регистарската табличка. Полицијата ќе ги провери”, рекол трет.
Кога Карина сфатила дека соседите се загрижено, прокоментирала.
„Извинете! Јас сум. Моето двомесечно бебе успеа да заспие во автомобилот”.

@karina.missenWhen you’re trying to get your baby to sleep and your local community group is worried your scoping the place out 🤦🏼‍♀️ #tellmeyoureamom #momlife


♬ original sound – Samantha Morgan


Целата ситуација на крај ги насмеала луѓето.
„Жал ми е што се сомневавме. Тешко е кога децата се мали, но ова е смешно”, “Хахаха! Мојот сопруг кружи околу автомобилот на паркингот во трговскиот центар додека јас купувам намирници внатре. Многумина сомнително го гледаа”, коментирале откако Карина разјаснила за што станува збор.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …