(ФОТО) ЕМОТИВНО – Девојка пронашла порака во шише од 1926. година а потоа се случило нешто неверојатно!

Една девојка од Америка додека нуркала пронашла порака во шише…
На Џенифер Довкер, додека уживала во нуркањето, и се случила неверојатна глетка. Забележала зелено шише кое било на дното на реката. Кога го земала, сфатила дека има парче хартија на кое пишува нешто.
Воодушевената девојка веднаш сфатила дека станува збор за пораки во шише и започнала да чита. Кога сфати дека пораката е од 1926 година, таа била уште посреќна.


– Дали лицето кое ќе го најде ова шише ќе му ја врати оваа хартија на Џорџ Моров Чејбонг од Мичиген и ќе каже каде е пронајдено. Ноември 1926. година – било напишано на хартијата.


Пораката била читлива дури и после 95 години
Она што изненадува е фактот дека хартијата била читлива, а Џенифер решила да ја сподели фотографијата од ова шише на социјалните мрежи, не сфаќајќи дека нејзината слика ќе стане вирална и со тоа ќе го најде сопственикот.
„Не требаше долго да се пронајде ќерката на Џорџ, Мишел, која го препознала ракописот на нејзиниот татко“
– Го препознав ракописот на татко ми кога ја видов фотографијата од пораката, иако беше напишана 20-тина години пред да се родам – ​​воодушевено изјавила Мишел и додала дека нејзиниот татко е роден во ноември и дека кога го фрлил шишето во вода имал само 17. или 18. години.


Иако прво сакала да ја задржи пораката за себе, Мишел решила да и ја даде на личноста што ја нашла, односно на Џенифер, бидејќи така ќе живее споменот на нејзиниот татко.

Фото: Принтскрин/Facebook/Nautical North Family Adventures

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …