Институт „Пастер“: Делта сојот е отпорен на една доза вакцина

Делта сојот на коронавирус, кој се шири побрзо од претходните варијанти, може да биде отпорен на некои третмани со антитела, па дури и на делумна вакцинација, покажала студијата на Францускиот институт „Пастер“.
Истражувачите ја тестирале крвта на луѓето кои претходно биле заразени со ковид, како и на оние кои примиле само една доза вакцини „Фајзер“ или „Астразенека“, заклучувајќи дека овој вид заштита не е доволен за неутрализирање на овој вид.
Сепак, само по две дози на вакцина, овој вид успеал да биде „нокаутиран“, покажале резултатите од истражувањето објавено во списанието „Nature“.
Оливие Шварц, авторот на студијата и раководител на одделот за вируси и имунитет на Францускиот институт „Пастер“, изјавил дека резултатите од студијата ги објаснуваат причините за зголемено пренесување на делта соевите, особено во делумно невакцинираните земји.


„Покажавме дека зголемената преносливост на делта сојот е поврзана со делумна отпорност на неутрализирачки антитела“, рекол Шварц.


Вирусот Делта ги загрижи здравствените власти поради можноста за брзо ширење. Првпат бил идентификуван во Индија и се проширил во повеќе од 90 други земји.
„Оваа студија покажува зошто вакцинацијата има заштитна улога од делта сојот само по две дози на вакцината. Една доза од вакцината не активира доволни количини на неутрализирачки антитела”, рекол Шварц.
Во споредба со алфа сојот, кој првпат беше откриен во Обединетото Кралство, делтата е четири пати помалку чувствителна на антителата во крвта на луѓето кои се опоравиле од ковид и до 12 месеци по нивната инфекција.


Поединци кои примиле само една доза на вакцините „Фајзер“ или „Астра-Зенека“ биле или слабо или воопшто не биле заштитени ниту од делта или од бета-сојот, кој за прв пат било откриен во Јужна Африка.
Сепак, со втората доза на вакцината, одговорот на неутрализирачките антитела била 95%, покажала студијата.
Покрај тоа, антителата произведени од вакцините биле три до пет пати помалку ефикасни против делта сојот, во споредба со алфа и бета варијантите на вирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …