(ВИДЕО) Мајка го дезинфикувала целиот детски парк за да нејзината ќерка може да си игра

И покрај тоа што е важно редовно да ја дезинфицирате областа околу вас, многу луѓе понекогаш претеруваат до тој степен што другите ги осудуваат за тоа.
На TikTok, тетка на девојче објавила видео кое наишло на бројни критики. На видеото, девојчето и нејзината мајка доаѓаат во детскиот парк во друштво на нивната тетка.
„Таа навистина не си игра кога станува збор за нејзиното бебе“, гласи описот на видеото во кое внуката чека трпеливо да ја држи за рака својата тетка додека мајката прска со средства за дезинфекција на опремата за играње во детскиот парк.
Видеото е прегледано скоро 2. милиони пати, а некои луѓе мислат дека мајката навистина претерала.

@katelynmhhhshe really doesn’t play about my niece !! #covid19 #mommydaughter


♬ original sound – katelynmhhh


„Оние хемикалии што ги прскате се поштетни од бактериите во паркот, останете си дома ако се плашите“, напишал еден корисник.
„Зошто воопшто да одиш во парк ако си толку заштитнички настроена“, гласел друг коментар.
„Замислете да верувате дека можете да се ослободите од бактериите на отворено игралиште“, коментирал третиот.
Имало и такви кои застанале во нејзина одбрана.
„Тоа го прави заради безбедноста на детето, не гледам проблем, не повредува никого“, рекло четвртото лице.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …