(ВИДЕО) Капење во ледена вода и пробивање низ сметови од снег – „Нордиска рутина“

Џона Џинтон на својот канал на Јутјуб сподели видеа на кои се гледа како изгледа животот во едно мало село на северот на Шведска, а меѓу другото покажала како е да се пробива снегот секој ден и да се перат алишта во ледено езеро.

View this post on Instagram

A post shared by Jonna Jinton (@jonnajinton)


Едно од најгледаните видеа на каналот е она за „нордиската утринска рутина“, која вклучува пливање во замрзнато езеро.
Џона Џинтон во видеото во оскудна облека доаѓа до претходно ископана дупка во мразот, скока во водата и на крајот целосно се нурнува под мразот. По „освежувачката“ купка, јутјуберката запалила оган за да се стопли.


View this post on Instagram

A post shared by Jonna Jinton (@jonnajinton)


Таа открила дека на 21. година решила од Гетеборг да се пресели во село на северот на Шведска, каде таа и нејзиниот сопруг се занимаваат со сликање, фотографија и изработка на накит.
„Мојот сопруг Јохан работи како ковач и заедно дизајнираме наш сребрен накит што го пакуваме и испраќаме од нашиот прекрасен дом до клиентите ширум светот“, пишува на блогот на Џона.

Во повеќе од 50 видеа на каналот Јутјуб таа го претставило секојдневието условено од исклучително суровата клима и ниските температури.
Друго видео на Џона кое го привлече вниманието е она на кое се гледа како пере алишта во замрзнато езеро.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …