(ВИДЕО) Канал 5: Детското шоу „Тинтири минтири“ секоја недела во 11. часот

Од недела, 7. јануари па секоја следна во 11. часот на фреквенцијата на Канал 5 телевизија ќе се емитува домашното детско шоу “Тинтири минтири”.
Емисијата е во продукција на Аурипигмент и Тинтири Минтири, филмско училиште кое ги детектира и активира креативните потенцијали на децата преку глумење, изработка на играни и анимирани филмови, радио драми, креативно пишување, од почеток до финален производ.


Тинтири Минтири Шоу!

УБАВИ НОВОСТИ ВО НОВАТА ГОДИНА!Нашата нова емисија Тинтири Минтири Шоу стартува на 7ми јануари! Гледајте не секоја недела во 11.00 часот на Канал 5 Телевизија.


Posted by Film school Tintiri – Mintiri on Sonntag, 31. Dezember 2017

Тинтири Минтири за повеќе генерации деца е место каде што можат да го искажат уметничкиот талент, да се социјализираат со врсниците, но и да научат практични вештини кои ќе им користат во животот дури и ако одлучат да не го следат патот на филмската уметност во понатамошното образување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …