(ФОТО) Од вечерва на Телма: Драмата „Свет без крај“ во 21. часот

Нова приказна за едно старо време и на борба за слобода…

Синоќа (2 јануари), Телма телевизија ја емитуваше последната епизода на историската мини серија “Pillars of the Earth”, а веќе од денес (среда, 3. јануари), во истиот термин, 21. часот започнува спин оф на Столбовите. Нова мини серија во 8. продолженија.
Новата средновековна драма “Свет без крај” е канадско-британска продукција, снимена по истоимената книга на Кен Фолет, авторот и на “Столбовите на земјата”. Снимана е во Унгарија, Австрија и Словачка, а во главните улоги настапуваат Синтија Никсон, Миранда Ричардсон, Питер Фирт, Бен Чаплин, Шарлот Рилеј, Руперт Еванс и многу други.


14 век, Англија, време на природни катастрофи, војни и болести, време за превласт и време кога се јавува смртоносната чума. Дејството на серијата е сместено 150 години понапред од она во Столбовите и претставува хроника на случувањата во едно англиско измислено гратче, Кингсбриџ кое станува мета на борба за власт во текот на стогодишната војна со Франција.

Како би го спасиле градот, младата визионерка Керис, нејзиниот љубовник Мертин и сер Томас ќе соберат луѓе кои ќе треба да се спротистават на Црквата и Кралството. Нивната храброст ќе ја инспирира цела Европа, па во сите градови и села, луѓето ќе започнат масовни буни за своите права и борба против самоволието на свештениците и владетелите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …