Мрачните прогнози на Нострадаус и баба Ванга се судриле во 2018. година: Земјотреси и вулкани ќе ја разорат планетата! Посебен бес ќе почувствува една голема држава!

Двајцата најпознати пророци предвиделе дека 2018. година ќе ја одбележат природни катастрофи ширум светот, а дека Везув ќе ја вознемири цела Италија…
Земјотреси, вулкани и поплави во 2018. година ќе разорат поголем дел од планетата, тврдат пророштвата на Баба Ванга и Нострадамус.
Францускиот лекар Мишел де Нострадам, можеби и најпознат пророк на светот, предвидел дека нашата планета во 2018. година ќе ја погоди серија земјотреси, а дека посебен бес на природните сили ќе почувствува Кина, каде ќе има илјадници мртви.
„Мртвите ќе станат од гробовите, светот ќе се соочи си големи промени меѓу нациите. Ќе се случат неколку природни катастрофи кои ќе ја протресат планетата“ се наведува во пророштвата на Нострадамус.

Загатки
Францускиот пророк живеел во 16. век. Тој своите пророштва ги пишувал во загатки кои не е лесно да се откријат.
„Во текот на зимата 2018. година огнен појас на Пацификот ќе има необично јака активност. Тоа ќе доведе до неколку земјотреси и ерупции на три вулкани. Поплавите ширум светот ќе бидат рекордни. Тајфуни ќе ги погодат Кина, Јапонија и Австралија, а големи поплави ќе ја погодат Русија. Ќе дојде до голема ерупција на вулканот Везув во Италија и тоа ќе ја погоди цела Италија“ тврдат неговите толкувачи.


Многумина веруваат дека Нострадамус го најавил и крајот на Израел. Во еден од низата поетски катрени Нострадамус напишал – лажен трубач ќе предизвика големи недоразбирања. Спогодбата ќе биде прекината, а лице од млеко и мед лежи на земјата. Со овие зборови наводно го споменал Израел, кој така се вика во Библијата – земја каде тече мед и млеко. Тоа наводно значи дека одбраната на Ерусалим на Трамп би можела да предизвика крај на Израел.

Кина и Венера
Нам многу поблиската Баба Ванга, пророчката од Бугарија, која починала во 1996. година во 85. година, дала пророштво за наредните векови.
„Годината ќе ја одбележат два големи настани. Кина ќе стане светска суперсила и ќе го надмине САД, а вториот настан е пронаоѓањето на нова форма на енергија на Венера“ наведува таа.
Дека Кина ќе стане најголема економска суперсила, очекуваат и економистите, но ниту друго пророштво, велат толкувачите не е невозможно. Леталото „Parker solar proub“ би требало да биде лансирано во јули 2018. година и да дојде до Венера па да продолжи кон Сонцето.


Тери и Линда Џејмсон
Терористи напаѓаат школи
Тери и Линда Џејмсон, меѓунродно познати како видовити близначки, кои тврдат дека се во редовен контакт со принцезата Дијана и Мајкл Џексон, велат дека не очекува хаотична 2018. година.
„Ќе има многу урагани и пожари, терористички напади и осамени волци и големи сајбер – напади. На мета ќе бидат пазари, трговски центри, цркви, школи, спортски стадиони, концертни сали и аеродроми. Ким Џонг Ун ќе продолжи да се заканува со нуклеарно оружје, но нема да има војна додека Доналд Трамп е претседател на Америка“ велат тие.

Линдси Едвардс
Ќе го убијат Трамп
Видовитата Линдси Едвардс, која ја предвидела веридбата на британскиот принц Хари и глумицата Меган Маркле, вели дека овој пар нема да се венча на 19. мај, за кога е предвидена големата прослава во Виндзор.
„Претседателот на Америка, Доналд Трамп, ќе биде убиен пред во потполност да се разоткрие скандалот во врска со Русија. На суд ќе заврши неговиот син Доналд Трамп Јуниор“ вели таа.


Крег Хамилтон – Паркер
Рим под вода, Запад пропаѓа
Крег Хамилтон – Паркер, британски видовит човек, кој ги предвидел Брегзит и победата на Трамп на изборите во САД, гледа напади со хемиско оружје, крах на биткоинот и големи поплави.
„Имав соништа во кои доста драма се одвива врзано за вода. Видов дека Рим тоне под вода. Мислам дека станува збор за поткопувње на целата западна цивилизција. Сонував дека четири високи кули ќе бидат уништени со борбени авиони. По малку изгледаат како минариња на џамии, но не сум под впечаток дека станува збор за арапски земји. Би можело да станува збор за некакви индустриски згради, можеби во Кореја. Терористите ќе изведат напад со некој вид хемиско оружје. Тоа нема да биде напад со огромни рзмери, но ќе се случи во некоја од европските престолнини. Тоа ќе биде напад со дрон“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …