(ФОТО) Силвестер Сталоне завршил во болница по негирањето на сексуалното злоставување!

Се шпекулирало дека Сталоне го мачеле тахикардија, висок притисок и вртоглавица и дека тоа му е од стрес поради обвинувањата за сексуално злоставување…
Холивудскиот акционен херој Силвестер Сталоне ги загрижи своите обожаватели
откако завршил во болнички центар во Лос Анџелес, каде му правеле испитувања
по наредба на лекар.

Врз основа на извештај од 2. јануари на „Радар онлајн“, 71.годишниот актер бил во болница во Лос Анѓелес за да му направат „тестови“, без да се прецизира за што точно станува збор.
„Сталоне е во болница за тестови што му ги предложи неговиот доктор, што тој
ги прави периодично за одржување на своето здравје“, изјавил неименуван
извор близок до актерот, истакнувајќи дека тоа биле рутински испитувања и
немале врска со стрес.
Се шпекулирало дека Сталоне го мачеле тахикардија, висок притисок и
вртоглавица и дека тоа му е од стрес поради обвинувањата за сексуално
насилство кое се случило пред три децении, што тој категорично ги отфрлил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест Скопје 2024

Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен …