(ВИДЕО) КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ: Останале заглавени во лифт а потоа почнала да надоаѓа вода…

НЕВРЕМЕТО што ја погоди Небраска остави без струја речиси 18.000 луѓе, а тројца жители на зграда во Омаха заглавиле во лифт.
„Лифтот почна да се тресе, а водата почна да се надоаѓа“, рекол жителот на Омаха, Тони Лу.
„Не знаевме дека подрумот е поплавен, немаше знаци за предупредување, па се симнавме во подрумот. Одеднаш, водата почна да доаѓа, мислам дека стигна до мојот врат, а потоа забави“, додал тој.


Како што вели, ги притиснал копчињата, погледнал наоколу, имале место за него и уште две лица да избегаат од лифтот, но додава, немало ништо.
„Го зедов телефонот и му се јавив на цимерот преку Фејсбук, му реков дека може да умрам во лифтот. Болничарите се уште не пристигнаа, па мојот пријател не извлече од лифтот. Ја турнкаше вратата однадвор и вратата се отвори. Знам дека следниот пат кога ќе има поплави, ќе се качувам по скалите“, заклучил тој.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …