(ВИДЕО) „Како ја трансформирав кујната за 700 денари!“

Ги обоила кујнските елементи без никаква подготовка.
Бет, која стои зад профилот на TikTok @athomeinnumber30, сподели видео на кое се гледа како ја трансформирала својата кујна за само 10 фунти.
Колку успешно ја преуредила оваа просторија покажува и фактот што одредени луѓе кои го гледале нејзиното видео мислеле дека станува збор за сосема друга кујна.
Бет редовно споделува евтини совети за преуредување на ентериерот на TikTok, а во нејзиниот најнов клип коментира како ги обоила кујнските елементи со боја од 10 фунти, давајќи им сосема нов изглед.

@athomeinnumber30 Replying to @Gareth G Man Cadge Wilko should sponsor me at this point😅#worsthouseonthestreet #homediyproject #budgetrenovations #homeaccountuk #kitchenrenoonabudget #renovatingourhome ♬ original sound – Number 30 | home + renovation


За време на видеото од 11 секунди, Бет ја покажала кујната пред и потоа, откривајќи како на просторот му дала луксузен нов изглед така што ги префарбала своите кујнски кабинети од зелена во темно кафеава боја.
Таа користела боја за брзо сушење за плакари и мебел, по цена од само 10 фунти за конзерва од 750 мл. Под видеото, таа открила дека ги исчистила сите врати со шеќерен сапун, пред да додаде само два слоја боја на предната страна.
Таа признала и дека немало потреба претходно да се шмирглаат дрвените врати, пренесува The Sun.
https://www.thesun.co.uk/fabulous/21476843/glowed-up-kitchen-tenner-wilkos-looks-different-room/
Во коментарите, следбениците на Бет ги споделиле своите реакции за новиот изглед на кујната, а малку е да се каже дека сите се воодушевени од резултатот.

Фото: Принтскрин/TikTok/athomeinnumber30


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија игра претставата „Пар распар“

Во Театар Комедија, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете театарската …