Сега води мирен и повлечен живот.
Легендарниот музичар Курт Кобејн, фронтмен на бендот „Нирвана“ се самоуби во 1994 година, кога имаше само 27 години.
Му била дијагностицирана клиничка депресија уште во средно училиште, а подоцна станал зависник од алкохол и лекови.
„Курт знаеше да биде многу воодушевен и смешен и шармантен, а половина час подоцна ќе седнеше во ќош и беше потполно чуден и некомуникативен“, рекол продуцентот на албумот на „Нирвана“ во 1991 година.
View this post on Instagram
Познато е дека Курт бил во љубов со Кортни Лав со која ја добил ќерката Френсис Бин.
Исто како Курт, и Кортни била склона кон турбулентен живот, а старателството над Френсис било доделено на нејзината баба Ванди О’Конор и сестрата на Курт, Кимберли.
Кортни дури добила и забрана за пристап на Френсис сè додека е таа малолетна. Оваа одлука следела најмногу затоа што Кортни дури и за време на бременоста користела недозволени материи, а најмногу хероин.
View this post on Instagram
Девојчето им било одземено на родители кога имало само две недели, а нејзината мајка официјално го изгубила старателството над неа кога Френсис сè уште немала 13 години.
Меѓутоа, кога станала возрасна, Френсис ги наследила сите пари на нејзиниот татко, милиони што ги заработил за време на неговиот живот.
Покрај тоа, таа денес сè уште добива 100.000 УСД месечно, благодарение на авторските права на нејзиниот покоен татко. Сепак, таа еднаш признала дека живее далеку над своите можности и дека „11 милиони долари фрлила во ветер“.
View this post on Instagram
Исто како и нејзините родители, и таа се свртела кон пороци, дрога и алкохол. Сепак, како што рекла, во 2016 година таа одлучила да се сврти кон здрав живот.
„Требаше да останам без скоро ништо за да разберам некои работи во животот. Додека не се потрезнив, не сфатив дека колку и пари да имате, ништо не е засекогаш“, рекла таа.
View this post on Instagram
„Сè е потешко затоа што не ги заработив тие пари. Имам чувство дека тоа се пари од човек што никогаш не сум го сретнала, што е точно“, била искрена.
Френсис го прославила својот 30 -ти роденден минатата година и денес живее со повлечен живот, далеку од очите на јавноста.
Фото: Принтскрин/Instagram