(ВИДЕО) Како изгледа да се вози 420. километри на час?

Најголемата брзина на Bugatti’s Chiron Sport беше само уште еден податок на парче хартија, а сега за прв пат некој надвор од оваа фабрика одлучил да го тестира во реалноста.
Bugatti Chiron е еден од најскапите и најексклузивни спортски автомобили на денешницата, а неговата варијанта Sport е рационализирана и дополнително унапредена за да даде уште подобри перформанси на тркачката патека. Chiron Sport го користи истиот мотор како и „обичниот“ Chiron, 8,0-литарски W16 чаа 4 турбополначи и 1.500 коњски сили, додека максималниот вртежен момент е 1.600 Nm.
Ако сакате да го возите овој автомобил со максимална фабрички декларирана брзина, ќе мора да одите на специјална патека за тестирање со должина од неколку километри.При вакви екстремни брзини, навистина ви треба многу простор не само за забрзување, туку и за запирање на автомобилот.
Едно од таквите места е тест патеката на Фолксваген Ехра-Лесеин во Германија, со правец во должина од 8,7 км. Зад воланот на Chiron Sport бил главниот уредник на магазинот Top Gear, Чарли Тарнер, кој сакал да ја провери во пракса најголемата брзина од 420 км на час. Погледнете како изгледало и колку брзо возел во следното видео:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …