(ВИДЕО) ЈА ПОКАЖАЛА ФИГУРАТА – Џенифер Лопез позирала потполно гола за својот 53-ти роденден промовирајќи го својот бренд

Џенифер Лопез денеска полни 53. години, а во чест на својот роденден и заради претставување на својот нов деловен потфат, холивудската актерка решила да позира гола.
Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео во кое го претставува најновиот производ на брендот JLo Beauty на кое може да се види и нејзина разголена фотографија.
Додека го промовирала балсамот за тело, таа позирала целосно гола и уште еднаш ја покажа својата затегната фигура.

„Ние ја посветуваме целата грижа и внимание на кожата на лицето, но понекогаш го занемаруваме телото. Ми беше важно да создадам рутина за негата на кожата за телото да одговори на неговите специфични и уникатни потреби, а почнавме со задник“, го опишала видеото.
Лопез моментално е во Париз со нејзиниот сопруг Бен Афлек каде што заминаа на меден месец по нивната ненадејна венчавка.


View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


За потсетување, Бен и Џенифер се венчаа тајно минатата недела. Церемонијата се одржа во Лас Вегас.
Тие се верија пред 18. години, а раскинаа само неколку недели пред свадбата. Тие повторно се поврзаа минатата година и повторно се верија овој април.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …