(ВИДЕО) „ОРМАН СО ПРОЗОРЕЦ“ – Ѕирнете во најмалиот стан во Њујорк што се изнајмува за дури 2.000 долари месечно

Во видеото на TikTok е претставен еден од најмалите станови во светот кој се состои од една правоаголна просторија без бања, а поради големината е окарактеризиран како „плакар со само еден прозорец“.
Ови Лазари е агент за луксузни недвижности кој работи на продажба на некои од најексклузивните и најскапите станови во Њујорк.
Сепак, тој решил да се одмори од луксузните згради и се понудил на колегата да му го покаже најмалиот достапен стан за кој открил дека е на пазарот за 1.975 долари месечно.
Во видеото, Џона влегува во „плакарот“ со само еден прозорец, мини фрижидер, орманче и мијалник.
Тоалетот и тушот не се дел од станот, туку се наоѓаат во посебна просторија низ ходникот, која е заедничка со другите станари во зградата.

@jonahlemmel


I can’t even believe this is real…🥲 guess the location 👇👇

♬ Blue Blood – Heinz Kiessling & Various Artists


Објавувајќи го видеото, Ови порачал: „Требаше да го видите неговото лице кога дозна дека бањата е во ходникот“.
Осудувајќи го пазарот на недвижности во градот, еден корисник на гореспоменатата социјална мрежа рекол: „Ова мора да е незаконско“.
Во коментарите, други корисници изразиле чудење што луѓето се согласуваат да живеат во толку тесни простори само затоа што се наоѓаат во Њујорк.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …