(ВИДЕО) Историја на контроверзни реклами: Господе боже, за што ли размислувале?

Во желбата да бидат различни и да го привлечат вниманието на клиентите со провокативно рекламирање, производителите на автомобили честопати го губат компасот.
Контроверзната фотографија што Ауди ја повлече по реакциите на социјалните мрежи е само една во низата проблематични реклами за кои автомобилските компании не се прославија.
Пред само неколку месеци, Фолксваген, кој исто така е сопственик на „Ауди“, се најде под оган за рекламирање на новиот голф кое беше оценето како расистичко:


Хјундаи исто така имаше „свои моменти“ кога тривијализираше самоубиство во ТВ реклама во 2013 година за британскиот пазар со пораката дека не е можно да се убиете во нивниот модел – затоа што издувните гасови се направени исклучиво од водена пареа. Реакцијата на јавноста беше очекувана:


И споменатиот Фолксваген имаше своја „самоубиствена реклама“ што исто така предизвика бес кај гледачите.
Имено, германскиот производител поради некоја причина мислел дека е добра идеја главниот лик на рекламата за моделот Поло да биде бомбаш самоубиец:


Поради една реклама, се „зацрвениле“ и во Форд пред неколку години. Индискиот оддел на овој американски производител на автомобили во 2013. година се извинил за навредливите рекламни карикатури што биле објавени во таа земја, а во кои главни ликови се Силвио Берлускони, Парис Хилтон и Михаел Шумахер.


Една од контроверзните реклами го покажува поранешниот италијански премиер Берлускони зад воланот на „Форд фиго“, покажувајќи знак „V“ со два прста како симбол на победата, додека три врзани киднапирани девојки се во багажникот.
Слоганот на рекламата бил – „Оставете ги вашите грижи зад вас со екстра големиот багажник на Фиго“ а тоа е алузија на сексуалниот скандал во кој некогаш бил вмешан и поранешниот премиер.


Друга навредлива реклама која го донесе Форд во центарот на вниманието, ја прикажува Парис Хилтон на слична позиција. Разликата е во тоа што во нејзиниот случај, „грижите што сака да ги остави зад себе“ се нејзините сопернички од „реалното шоу“ – сестрите Кардашијан.
Третата контроверзен карикатура го покажува Михаел Шумахер по истиот рецепт, додека неговите ривали од тркачката патека се врзани во багажникот:

Реакциите биле бурни.
Форд рекол дека жали за инцидентот и ги окарактеризирал контроверзните реклами како „спротивно на стандардите на професионализмот и пристојноста“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија ќе биде изведена претставата „Жени во собрание“

Вечерва во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја проследите …