Црвениот крст на Македонија со акција за хуманитарни донации за настраданото население во Бејрут

По повод експлозијата во пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан, Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:


  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.
  • како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070/ 075 / 077 143 40

Средствата можат да се донираат од07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат фолк пејач Перо Христов

Перо Христов е роден на 17 јуни 1951 година во Струмица. Тој е популарен македонски …