(ВИДЕО) Искршил „Бугати“, вреден 2. милиони долари, само 15. минути откако го купил: Познато е колку ќе го чини поправката!

Иако станува збор за полесна несреќа за кој е оштетен предниот браник, цената на поправка е астрономска.
Комичарот и глумец Трејси Морган го удрил својот бел Bugatti Veyron Grand Sport само петанесеттина минути откако за автомобилот искеширал околу два милиони долари.Несреќата се случила на Менхетн кога на семафор се судрил со сребрена Hondа CR-V.
На снимката која се појавила на социјалните мрежи, Морган, видно возбуден ја нападнал возачката на Хондата. Ако мислите дека реакцијата била избрзана, бидејќи автомобилите биле незначително оштетени, работите стануваат јасни кога ќе се земе предвид и типот на автомобилот. Имено, како што анализира магазинот The Blast, скапоцениот Bugatti после сообраќајката во старт загубил 200.000 долари, односно барем 10% од својата вредност. Учествувањето во несреќата е дамка во досието на автомобилот која кај ваквите автомобили драстично ја намалува цената.

Работата да биде полоша, иако возачката на „Хонда“ била виновна за несреќата, нејзината полиса за осигурување нема да може да ја покрие ниту цената на поправката на „Бугатито“. Според достапните информации, поправката на „Бугатито“, сопственикот ќе го чини плус 50.000 долари.
Последните гласини говорат дека Морган ќе го продаде автомобилот и ќе се помири со огромната загуба. Ако тоа сценарио се оствари ќе излезе дека 15. минути возење во „Бугати“ го чинело околу половина милион долари.
Screenshot: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …