Овој 40-годишник е најпознат по бројни проблеми со наркотици и поминал повеќе од седум години во затвор. Тој завршил зад решетки по 2010. година, а излегол во 2016. година кога го шокирал светот со физичката трансформација – тој влегол во затворот како малку запуштено, дебело момче, и излегол како остварен, истетовиран маж кој наликува на модел.
Тој, наводно, потполно се препородил и го сменил својот животен стил, а во тоа го поддржала и избраничката, инаку инструкторка за јога Вивијан Тајбс, која една година подоцна му ја родила ќерката Луи Изи.
“Моето семејство никогаш не се откажа од мене, дури ниту на секунда.Кетрин е борец, таа е некој што потекнува од Велс и, благодарение на упорноста и талентот, се искачи на врвот. Таа никогаш не се откажува од ништо, па така ниту од мене. Љубовта на моето семејство ме спаси во најмрачните денови”, рекол тој.