(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАЛА ЗЛАТНАТА ВЦ ШКОЛКА: Крадци упаднале во британска палата со два камиоони и однеле експонат вреден 5. милиони долари!

Крадци украле целосно функционална 18-каратна златна тоалетна школка од британскиот дворец Бленам, каде што беше изложена како уметничко дело, соопштила денес полицијата.
ВЦ шоколката, вредна повеќе од пет милиони долари, беше дел од изложбата за работата на италијанскиот концептуален уметник Маурициус Кателано, која беше отворена пред два дена во прекрасна палата на околу 100. километри западно од Лондон.
Школката, наречена „Америка“, претходно беше изложена во импровизиран тоалет во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк, каде што можеле да го користат повеќе од 100.000 посетители.


Крадците провалиле во палатата, родното место на славниот британски премиер Винстон Черчил, со најмалку две возила и ја украле школката нешто пред 17. часот, соопштила полицијата во Долината на Темза.
„Бидејќи школката беше поврзана со цевки во зградата, тоа предизвика значителна штета и поплава“, рекол инспекторот Џес Милн.
Полицијата соопштила дека уапсила еден 66-годишен маж под сомнение за вмешаност во кражбата, но не го повратила уметничкото делао

Екран.мк/Tanjug


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …