(ВИДЕО) ИНФОРМАЦИИ ОД ИТАЛИЈА: Моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полни торби пари на 20. февруари 2019. година  излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев…


Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.


Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник


Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прoдужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …