(ВИДЕО) ИМ ЗДОДЕАЛА ИСТА ТЕМА – Поради новата песна, луѓето почнаа да ја жалат Шакира: „Доста е повеќе, ова станува очајно!“

Пред два дена Шакира објави дует со колумбиската пејачка Карол Г., а во текстот на песната и двете ги прозваа своите поранешни партнери. Иако песната веќе има над 70 милиони прегледи, многумина критикуваа уште една песна во која Шакира го прозива Пике.
„Зошто ме бараш ако знаеш дека не ги повторувам грешките, кажи му на твоето новороденче дека не се натпреварувам за мажи“, е дел од рефренот што го пеат Шакира и Карол Г.

Судејќи по коментарите, на фановите на Шакира им здосади оваа тема, а некои дури почнаа да ја сожалуваат.


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


„Има толку многу огорченост во тебе. Штета. Биди среќна“, „Ова станува очајно“, „Доста е веќе. Време е за нешто оригинално, не само вакви песни“, „Шакира не си единствената жена на светот која е изневерена е време е да продолжиш понатаму“, „Има ли крај на ова“, „Почнувам да ја жалам Шакира“, се само дел од коментарите.


Имало и такви кои застанале во одбрана на колумбиската пејачка.
„Зошто луѓето критикуваат кога пее за бившиот? Песните кои се популарни во светот обично се за бившите љубови. Малума штотуку објави една за бившата! Со оглед на тоа дека е маж, можеби затоа не го критикуваат“, е еден од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Потсетуваме, откако Шакира и Пике официјално објавија дека повеќе не се заедно, пејачката објави три песни кои зборуваат за неговото изневерување и раскинување на нивната 12-годишна врска.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …