(ВИДЕО) Идеален за летните денови: Рецепт за колач БЕЗ КОРИСТЕЊЕ на рерната

Подгответе го колачот без дополнително загревање на станот со вклучување на рерната…
Се’ што треба да направите е да подготвите три фила, да ги намачкате и изладите во фрижидер
Ова едноставно летно уживање е многу слично на домашниот сладолед. Покрај тоа што е богат и кремаст, овој десерт се прави и брзо.
Состојки:
Подлога:
500 мл млеко
100 гр шеќер
100 гр гриз
Фил:
500 мл млеко
5 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
75 гр маргарин
75 гр слатка течна павлака
250 мл слатка течна павлака
150 гр чоколадо за готвење
Подготовка: За подлогата или за првиот дел сварете гриз од млеко, шеќер и гриз. Потоа истурете го гризот во правоааголен калап.
Филот се прави со варење на пудингот. И кога ќе се олади, се додаваат растопениот маргарин и шлагот.
Добиениот фил се премачкува над гризот, а потоа се прави третиот фил. Третиот фил се прави со загревање на слатка течна павлака и додавање на чоколадо за готвење, загревајте да се поврзат состојките но не смеат да зовријат. Намачкајте го филот преку колачот. Оставете убаво да се излади, па исечете и послужете. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …