(ВИДЕО) ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МРТВОТО МОРЕ? Нивото на водата се повлекува и на брегот избиваат чудни кратери

Мртвото Море, спектакуларно солено езеро меѓу Израел, окупираниот Западен Брег и Јордан, од 1960. година изгуби една третина од својата површина, а повлекувањето на водата зад себе остава лунарен пејзаж, копно бело со сол и избушено со кратери.
Во златното доба во прекрасното место Ајн Геди, во 1960-тите, посетителите можеле да пливаат во базени со загреана вода, а потоа да скокаат во Мртвото Море. Денес тоа е минато бидејќи наеднаш може да се формираат вдлабнатини и да достигнат длабочина од повеќе од десет метри, а во последните дваесет години тие се намножија на бреговите на морето.
Како што водата се повлекува, таа зад себе остава наслаги на подземна сол. Кога врне, свежата вода навлегува во почвата и се топи, предизвикувајќи земјата да се урне и да формира кратери.


Град на духови
Некогаш туристичко одморалиште, Ајн Геди денес е град на духови, искривен од кратери, напуштени насади со урми и туристички капацитети.
Итаи Гавриели, научник од Геолошкиот институт во Израел, вели дека илјадници дупки се формираат на секоја страна од Мртвото Море. Овие опасни кратери, кои се и „уникатни и чудесни“, се директна последица на пресушувањето на езерото во 1970-тите поради девијации на реката Јордан и зголемената експлоатација на минералите.
Денеска Мртвото Море добива само 10. отсто вода во споредба со претходниот период бидејќи Израел и Јордан имаат зголемени потреби за вода за пиење и за наводнување.
За пресушување на Мртвото Море придонесува и глобалното затоплување – во јули оваа година во Содом, југозападно од Мртвото Море биле измерени 49,9 степени Целзиусови.
Гидон Бромберг, израелскиот директор на невладината организација „Ecopeace“, објаснува дека овие кратери се „одмазда на природата“ на човекот за „недозволиви дејствија“.
„Нема да можеме да го вратиме Мртвото Море во претходната состојба, но сакаме нивото на водата барем да се стабилизира“, рекол Бромберг.

Неизбежно пропаѓање
Неговата организација обединува јордански, палестински и израелски научници и се залага за зголемување на десалинизација на Средоземното Море со цел да се олесни Галилејското Море и реката Јордан што се влева во Мртвото Море, што би донело повеќе вода во тој случај.
„Ecopeace“, исто така, сака индустријата да го сноси својот дел од одговорноста со плаќање повисоки даноци.
Јорданското Министерство за води смета дека треба да се бараат решенија на меѓународно ниво и дека светот треба повеќе да се запознае со проблемот со Мртвото Море.
Во јуни Јордан, една од земјите со најголем недостиг на вода, се откажа од изградбата на канал што ќе го поврзува Црвеното со Мртвото Море, а тој требаше да биде изграден во соработка со Израел и палестинските власти.
Наместо тој канал, јорданските власти решија да изградат фабрика за десаланизаија за да го зголемат снабдувањето со вода за пиење.

На Мртвото Море му недостасува вода
Дури и да беше изграден каналот, немаше да може да го спаси езерото, вели Еран Халфи, хидролог од научниот институт „Арава“.
„На Мртвото Море му недостигаат милијарда метри вселенска вода годишно, а каналот може да донесе 200 милиони кубни метри“, објаснува Халфи.
Научниците веруваат дека повлекувањето на Мртвото Море е неизбежно во следните сто години и дека кратерите ќе продолжат да се шират.
После тоа, езерото би можело да се врати во рамнотежа, бидејќи како што се намалува неговата површина, водата ќе стане посолена и ќе се забави испарувањето.
Таквата иднина во која „денес ампутираното морето може еден ден да си ја врати рамнотежата“, Алисон Рон од Ајн Геди ја отфрла и го обвинува човекот за играње со природата.
„За нас треба да биде срамота да дозволиме тоа да се случи“, вели тој.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …