Кучето е најдобриот пријател на човекот
Животните се многу приврзани за своите сопственици, особено за малите, а доказ за тоа е ова куче кое секој ден возбудено чека момчето да дојде од училиште.
Секојдневно стои на патот и возбудено го чека „малиот газда“ да се симне од училишниот автобус. Штом ќе го види, почнува да мавта со опашката, трча наоколу и почнува да лае.
Безусловна љубов
Момчето било видно среќно што го видел својот најдобар пријател. Веднаш му пришол и почнал да си игра со него. Емотивното видео го обиколи целиот свет, а луѓето се воодушевени од тоа колку љубов има помеѓу ова куче и момчето.
Фото: Принтскрин/YouTube