(ВИДЕО) Фронтменот на култниот бенд е болен од неизлечива болест:„Деновите ми се одбројани!“

ФРОНТМЕНОТ на „Џетро Тал“, Иан Андерсон открил дека боледува од „неизлечива болест на белите дробови“. Рок-легендата открила дека неговите „денови се одбројани“ во интервју за Ден Ратер за шоуто „The Big Interview “ што се емитуваше во средата вечерта на телевизијата AXS.
Ратер го прашал Андерсон колку е тешко да се пее и свири флејта на сцена, на што тој одговорил. „Ќе ви кажам нешто што не сум му кажал на никого во јавноста – Јас страдам од неизлечива болест на белите дробови која ми беше дијагностицирана пред неколку години“.
“Се борам. Имам што се нарекуваат егзацербации – периоди кога добивам воспаление кое се претвора во тежок бронхитис и имам две-три недели кога е навистина тешко да се излезе на сцена и да игра. Сега сум 18. месеци без влошување и на лекарства сум.Ако престојувам во околина без многу загадување на воздухот, јас сум во ред. Но, моите денови се одбројани“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …