(ВИДЕО) Бесен возач „се степал“ со бензинска пумпа

Урнебесното видео ни доаѓа од Канада.
Надзорните камери на бензинската пумпа во Брандон во Манитоба, снимиле бесен возач кој одлучил буквално да ја истепа бензинската пумпа. Додека полнел гориво, удирал со рацете и нозете обидувајќи се да ја оштети конструкцијата. Не му успеало, што се чини дополнително го изнервирало, па продолжил да удира и со пиштолот за полнење гориво.На крај го заклучил резервоарот, го фрлил цревото за полнење и отишол во непознат правец.


Гласноговорникот на полицијата, Мирин Хам, изјавил дека причина за ваков несекојдневен настан е незадоволството на возачот откако продавачот побарал горивото да го плати однапред. Тоа бил доволен „окинувач“ возачот потполно да го загуби разумот.
Се надеваме дека подоцна се смирил и сигурно стасал на одредената дестинација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …