ФОТОГРАФРКАТА Шајла Херингтон споделила во видеото што го објавила на TikTok три знаци со кои свадбените фотографи можат веднаш да препознаат дека некој брак ќе се распадне, а нејзиното откритие набрзо станало хит.
„Првиот индикатор е дали еден од сопружниците позира на повеќе од три фотографии без партнер“, рекла таа.
„Друг знак е кога гостите избегнуваат да зборуваат за другиот сопружник за време на подготовките или здравица, што може да значи дека не им се допаѓа“.
„Последната индикација е дека еден од сопружниците поминува повеќе време со пријателите или семејството отколку со партнерот“, открила таа. Бројни коментатори ги споделиле своите ставови за оваа теорија. Неколку фотографи и разведени луѓе се согласиле дека има вистина во тоа.
@shaylamherringtonDo you think this holds some truth? #bride #bridetobe #weddingphotographer #couple #engaged #videographer #weddings
„Јас сум фотограф и можам да го потврдам ова“, напишал коментаторот.
Други корисници на TikTok, кои не се согласуваат со теоријата или сметаа дека таа не е 100% точна, почнале да објаснуваат што всушност би можело да биде кога ќе се појават овие знаци.
„Мислам дека ова со позирањето е претерано, особено ако браќата и сестрите сакаат да се сликаат поединечно, а можеби и бабите и дедовците“, напишал еден од коментарите.
„Во брак сум 30 години. Едвај го видов мојот партнер на свадбата”, додала корисничка.
Фото: Илустрација