(ВИДЕО) Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженците”!

Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин…

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната “Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година.



– Планот да снимам и промовирам видео запис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор, вели Јордан Митев.
Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл.


– Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин, додава Митев.
И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …